Протестираат судските работници, бараат повисоки плати

Протест на  Независниот синдикат на државна администрација.Тие протестираат бидејќи судските работници нема да добијат додатоци.

Судскиот буџетски совет добил известување дека министерството не дозволува пренамена на средства. Синдикатот е незадоволен и протестираше пред сите судови во Македонија.

Од први септември најавија генерален штрајк.

„Денес штрајкуваме во сите судови, Основен Битола, Струга, Охрид, Штип, Свети Николе, Тетово… Најавуваме генерален штрајк од први септември. Ќе блокираме и улици и нема да може од наши средства да се полни буџетот. Нема да се вадат ни уверенија за неосудуваност, ни за трето дете, да видиме каде одат овие пари“ рече Јасмина Величкова претседателка на Независниот синдикат на судската администрација.

Таа вели дека судската администрација нема претстава зошто министерот не ја потпишал одлуката на Судскиот буџетски совет за исплата на додатоци на плата од 15 %, а на денешниот протест судските административци кажаа и дека се против усвоеното покачување на платите за само 10 %.

„Ние не се согласуваме со покачување на плата од 10 % што Владата и Сојузот на синдикати го договорија. Исто така не се согласуваме ни со К 15 во висина од десет илјади денари, а многу револтирачки е што од нашите средства доделени од Судскиот совет, 15 % на плата, вчера министерот за финансии ги одби“, рече претседателката Величкова.

Таа на денешниот протест во детали реферираше колку средства се слеале во буџетот врз основа на она што судовите го наплатиле за да покаже дека средства за 15 % за додатоци на плата – има.

Total
0
Shares
Поврзани објави