Рашела Мизрахи ќе претседава со Анкетната комисија која ќе го истражува скандалот на онкологија

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи, ќе раководи со Анкетната комисија која ја формира Собранието, која ќе го истражува скандалот на Клиниката за онкологија.

Денеска тоа ќе биде утврдено на седницата на Собраниска комисија за финансирање и буџет која е закажана во 11:30 часот.

Тоа било договорено на координацијата со пратеничките групи од власта и од опозицијата.

Потоа предлогот ќе биде доставен до Собранието, и се очекува да се изгласа идната недела.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

„Слободен печат“ открива: Клиниката за Онкологија во 2017 година го фрлила во подрум системот за следење на цитостатици кој оневозможува да се крадат дози

Слободен печат открива: Клиниката за Онкологија го саботирала тукушто набавениот систем за следење и безбедно чување на дозите.…