Руското лунарно летало се урна на површината на Месечината

Руското вселенско летало Луна-25 се урна на површината на Месечината еден ден откако беше објавена абнормалната ситуација, објави Би-Би-Си и додаде дека комуникацијата со леталото е изгубена.

Руската државна агенција „Тас“ напиша дека „според прелиминарните пресметки, Луна-25 влегла во непредвидена орбита и се срушила на површината на Месечината“. Вчера Роскосмос објави дека бил испратен сигнал од Земјата по кој леталото требало да го започне процесот на подготовка за слетување на површината на Месечината“.

Пред четири дена, Луна-25 влезе во орбитата на Месечината, што е голем чекор кон остварување на амбициите на Русија да биде првата вселенска сила која ќе изврши меко слетување на јужниот пол на единствениот природен сателит на Земјата во потрага по замрзната вода.

Луна-25 требаше да слета на јужниот пол на Месечината како дел од големата трка за истражување на Месечината, за која некои научници веруваат дека потенцијално содржи замрзната вода и скапоцени елементи.

Првите резултати од мисијата Луна-25 се исто така објавени и во моментов се анализираат, јави ТАСС, државната руска новинска агенција.

Роскосмос објави фотографии од лунарниот кратер Земан направени од леталото. Според нивните изјави, тоа е третиот најдлабок кратер на јужната хемисфера на Месечината, со димензии 190 километри и длабочина од 8 километри.

Руското вселенско летало е со големина на мал автомобил, тежи околу 1.800 килограми и беше лансирано минатата недела од космодромот Восточни. Нејзината клучна задача беше да спроведе истражување на јужниот пол на Месечината што требаше да трае околу една година.

Луна-25 е дел од руската лунарна програма, која предвидува изградба на вселенска станица на Месечината до 2040 година.

Москва последен пат ја испрати сондата Луна-24 на Месечината пред речиси половина век, на почетокот на 1976 година, кога Русија сè уште беше дел од Советскиот Сојуз.

Научниците на НАСА, како и оние од другите вселенски агенции, пред неколку години открија траги од замрзната вода во кратерите.

Во леталото немало екипаж, а била формирана специјална меѓународна комисија која ќе ги испита причините што довеле до губење на леталото.

Total
0
Shares
Поврзани објави