Седми ден се трага по исчезнат човек од тетовско Теново, во потрагата вклучени 70 полицајци

Регионалниот центар за управување со кризи спроведува интензивна потрага по исчезнат човек од тетовското село Теново. Како што информираат оттаму, денеска во потрагата се вклучени 70 полициски службеници.

„Денеска, 12.08.2023 година, како што беше планирано, раководителот на РЦУК Тетово и началникот на СВР Тетово известуваат дека од 10:00 часот во потрагата се вклучени 70 полициски службеници кои ќе го пребаруваат теренот кај нивите и шумата во атарот на село Теново“,велат од РЦУК Тетово.

Оттаму додаваат дека ако и денеска нема успех во потрагата, ќе побараат намалување на нивото на реката Вардар што минува крај селото, за полесно пребарување.

„Во случај и денеска ако нема траги од исчезнатото лице и не биде пронајдено, од 14.08.2023 година, понеделник, РЦУК Тетово ќе бара од ХЕЦ ‘Маврово’ да го намали испуштањето на водата, а со тоа и да се намали нивото на водата на реката Вардар каде што ќе се пребарува речното корито што поминува покрај самото село“,соопшти РЦУК Тетово.

Инаку, на 6 август околу пет часот наутро со повик на бројот 112 е пријавено дека исчезнало лице од Теново, Општина Брвеница, а потрагата сè уште трае.

Total
0
Shares
Поврзани објави