Се оддава почит на настраданите во подморницата „Титан“: Нашите срца се со семејствата на загинатите, соопшти Белата куќа   

Американската морнарица открила „акустична аномалија која наведува на имплозија“ само неколку часа откако подморницата го започнала нуркањето во неделата, пишува Би-би-си. Информацијата веднаш била споделени со американската крајбрежна стража, која ја искористила за да го намали опсегот на нејзината потрага, изјавил официјален претставник за Си-би-ес њуз. Сепак, како што наведува Би-би-си, не е јасно зошто оваа информација не беше објавена порано

Пријатели, родини и колеги одадоа сочувство до семејствата на петчлениот екипаж на подморницата „Титан“, кои по неколкудневна потрага вчера беа прогласени за мртви. Тие ги загубиле животите во како што се верува „катастрофална имплозија“, што се случила на патувањето на подморницата до остатоците на бродот “Титаник“ во северниот Атлантик. 

Жртви на трагедијата се педесет и осумгодишниот британски милијардер и авантурист Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд (48) и неговиот деветнаесетгодишен син Сулејман Давуд, францускиот нуркач Пол-Анри Нарголе и коосоновачот и извршен директор на компанијата „Оушнгејт“, која ја организираше експедицијата, Стоктон Раш.  

Вчера по неколкудневни воздушни подводни пребарувања роботизирано нуркачко возило распоредено од канадски брод откри остатоци од подморницата  на дното на океанот на оддалеченост од 488 метри од остатоците на „Титаник“.  

Белата куќа издаде соопштение со сочувство до семејствата на петмината загинати.  

 „Нашите срца се со семејствата и најблиските на оние кои ги загубија животите на ‘Титан’. Тие поминаа низ ужасно искушение во изминатите неколку дена, а ние ги чуваме во нашите мисли и молитви“,се наведува во соопштението.  

 Од Белата куќа, исто така, упатија благодарност до сите вклучени во големата мултинационална потрага по подморницата.  

Пораки со сочувству упати и шефот на британската дипломатија, Џејмс Клеверли, кој по информацијата дека екипажот на „Титан“ е мртов, рече дека станува збор за трагична вест. 

Туристичката подморница исчезна во неделата во близина на потонатиот брод „Титаник“ во средината на Атлантикот, а целосен траг ѝ се губи еден час и 45 минути по нурнувањето. 

Станува збор за подморница која може да се спушти на длабочина од 4 000 метри. Нејзините димензии се 670 сантиметри должина, 280 сантиметри висина и 250 сантиметри широчина. Може да обезбеди поддршка од 96 часа за петчлена екипа. Се движи со брзина од околу 3,5 милји на час, односно 5,6 километри на час.   

Освен за носење нуркачи до потонатиот брод „Титаник“, подморницата се користи за истражување и инспекција на локацијата, истражување и собирање податоци, филмска и медиумска продукција и тестирање хардвер и софтвер на длабочина. 

Total
0
Shares
Поврзани објави