Се размислува струјата да може да се плаќа на еднакви износи во текот на 12 месеци

„Сакаме да им олесниме на граѓаните да имаат рамномерни трошоци за електрична енергија“, изјави претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги Марко Бислимоски по работниот состанок со Народниот правобранител Насер Зибери.

„Две независни институции соработуваа за олеснување на проблемите на граѓаните народниот правобранител и Регулаторна комисија. Операторот на  електро дистрибуција пристапи кон промени, најмалку четири пати во годината да ги отчитува броилата, особено во зимските месеци каде има најмногу поплаки “, рече Бислимовски

Како што вели Бислимовски, операторот е должен да претрпи промени за граѓаните да не добиваат сметки без увид во струјомерите, а тарифните блоковите ќе зависат од бројот на денови на отчитување.

„Преопорака е тоа да се прави и почесто, особено во зимските месеци. Исто така, за размислување е ставена можноста за рамномерно плаќање на струјата на 12 рати. Односно, да се види колкава е годишната потрошувачка на струја за едно домаќинство и за да не се случи , на примеr, зиме да плаќаат струја по 8.000 денари, а лете по 1.500 денари, доколку сакаат, да може да плаќаат еднакви износи во текот на 12 месеци. За ова ќе разговараме со енергетските компании“, вели тој.

Кај Народниот правобранител стигнале многу поплаки за нередовно читање на струјомерите и за високи сметки што им биле испорачувани по читањето.

„Со распределбата секој може да си прави што сака, само кажуваме и испраќаме сигнал до домакинствата дека доколку ја трошат нерационално енергијата ќе плаќаат повеќе. Ние сме енергетски сиромашна земја. Електрична енергија мора да има и апелираме граѓаните да си ја намалат својата потрошувачка. Треба да има струја за сите, и не сметам дека тоа е противуставно. Сето ова е опција за граѓаните, да си направат рамномерна распределба на својот буџет, ние не можеме да ги натераме, ова е со цел да не плаќаат високи сметки, дополнува Бислимовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Издржи бато !

Еве од колку сме заедно и некој ќе ми каже без секирации се ќе помине, да ќе помине…