Филмско бегство од затворот Идризово

На ден 12.01.2023 година, околу 23,20 часот при спровод на осуденото лице Б.М (36) од КПУ Идризово во Ургентниот  центар ,,Мајка Тереза “поради повреда на десната рака, на автопатот кон Скопје кај бензиската пимпа на Лукоил, службеното возило било пресретнато од возило марка ,, ауди” со сива боја без регистерски таблички кое  им го блокирало патот.

Припадник на затворската полиција е ранет, а затвореник во „Идризово“ е во бегство. Ова е резултат на грабнувањето кое се случило во текот на ноќта, при спровод на затвореникот со висок безбедносен ризик од затворот до болница. Затворската полиција била пресретната од неколку вооружени лица, комбето со кое се транспортирал затвореникот било застанато, имало пукање, полицаец е ранет во бешиката. Затвореникот бил изваден и заедно со вооружените лица се дал во бегство.

Акцијата за бегство била планирана. На тоа укажува фактот што вооружените лица точно знаеле кога ранетиот затвореник ќе биде спроведен во болница, го знаеле возилото, а иако не потврдено, веројатно имале и дополнителни информации како што се бројот на полицајци кои ќе го носат затвореникот на лекување и трасата на движење. Затвореникот неофицијално, сам си нанел рана, поради која барал лекување. Непознато и нејасно е дали била повикана Брза помош или тој директно бил транспортиран.

Total
0
Shares
Поврзани објави