Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски влегува во бизнисот со струја

Сопругата на премиерот Димитар Ковачевски влегува во бизнисот со струја, таа е ко-сопственик во компанијата „Сол груп 5 ДОО Скопје“- фирма која планира да гради соларна електрана во Радовиш со јачина од 1,8 мегавати.

Како што објавија дел од медиумите заедно со Eлена Ковачевска во фирмата се и синот на нивниот кум, Кирил Паунов, сопругата на директорот на Катастар, Светлана Тунџева и уште две лица.

Премиетор Ковачевски денеска пред новинарите тврдеше дека во случајот нема судир на интереси,  бидејќи секој имал право да инвестира во државава.

„Тоа е пријавено во сите надлежни институции и во Антикорупциската комисија со сите потребни податоци и детали и сите тие податоци се јавно достапни.“, вели премиерот.

Total
0
Shares
Поврзани објави