Спасовски: Никој нема да биде казнет ако до февруари 2024 година не ги смени документите со Северна Македонија

Оливер Спасовски, министерот за внатрешни работи рече дека нема да има казни за граѓаните кои нема да ги сменат документите со Северна Македонија до кога истекува рокот – февруари 2024 година.

Тој дополни дека старите документи нема да важат по овој рок на измена.

Во моментов граѓаните имаат проблеми за закажување за процедурата за патни исправи, со оглед дека следен слободен термин е во декември, а Спасовски најавува дека во следниот период се прават напори да се релаксира системот.

„Секако дека фреквенцијата е зголемена, но тоа не е случај само оваа година, туку беше и минатата. Ако направиме споредба, до 2019 година најголемата побарувачка била во јуни, јули, август и таа не надминувала повеќе од 22-23 илјади барања за промена. Минатата година за истиот период имавме околу 50.000 барања за промена на лични документи. Како што наближи летото и годишните одмори, има и зголемена фреквенција. Во овие денови барањата опаѓаат. Никој нема да биде казнет ако до февруари не извади документи со новото име на државата“, рече Спасовски.

Total
0
Shares
Поврзани објави