Степенот на почитување на слободата на медиумите, Македонија паднала за 6 места во споредба со минатата година

Северна Македонија е рангирана на 42-то место од вкупно 180 земји во светот на Индексот за слобода на медиумите на „Репортери без граници“. Сепак, ова претставува уназадување од 6 места во споредба со минатата година, кога државата се наоѓаше на 36-тото место. Северна Македонија е вклучена во групата на земји каде што состојбата со слободата на медиумите е оценета како „задоволителна“. Во оваа група, од регионот се наоѓаат само уште две земји – Словенија, која е на 33-то место, и Црна Гора на 37-то место.

Во оценката за Северна Македонија се наведува дека новинарите се изложени на закани и напади, додека владини претставници имаат негативен и понижувачки однос кон нив.

Избери ја Македонија на мапа. – https://rsf.org/en/index

“И покрај тоа што новинарите не работат во вражеско опкружување, распространетото дезинформирање и недостигот од професионализам придонесуваат за пад на довербата на општеството во медиумите, што ги изложува независните медиуми на закани и напади. Понатаму, владини функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите”, велат од Репортери без граници.

Категоризацијата на земјите според слободата на медиумите, Репортери без граници ја прават врз основа на пет индикатори, и тоа: политички, економски, легислативен, социјален и безбедносен.
Од земјите на регионот, најлошо е рангирана Косова, односно на 99-то место, следена од Србија на 96-то место, потоа Босна и Херцеговина на 86-то, Албанија на 80-то, додека Бугарија го зазема 70-то место.

Првото место на листата, веќе деветта година по ред го држи Норвешка, која се смета за најслободната земја во светот за новинарите. Второто место го има Естонија, следена од Холандија, додека потоа доаѓаат Шведска, Финска, Данска и Ирска. Како најзатворени и најопасни земји за новинарите се сметаат Авганистан, Иран, Сирија, Кина, Северна Кореја и Еритреја.

Total
0
Shares
Related Posts