Стојанче Ангелов сам отишол во 3 часот на Водно за да помогне на момче со скршена нога

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, бидејќи немало ноќни екипи на Првата помош и ЦУК, сам отишол во три часот наутро на Водно за да помогне на момче со скршена нога.

Информацијата се споделува на Фејсбук, а истата во пост ја потврди и Ангелов.

-Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.

Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен.

Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница.

Во оваа пригода сакам да го пофалам генералот Стојанче Ангелов и без разлика што и да мислите за него овој потег од негова страна, што запалил кола и дошол во 3 сабајле е за почит. Поддршка, но и апел ЦУК да има екипи во секое време да бидат спремни за интервенција на терен

Со ваквите хумани потези како овој на Стојанче Ангелов сфаќам дека се враќа мојата надеж за човештвото, но се губи надежта во државата која нема дежурни екипи во ноќните часови, стои во информацијата на Фејсбук.

Total
0
Shares
Поврзани објави