Судскиот совет – „Таргет-Тврдина“ со месеци неоправдано бил чуван во фиока

Апелацискиот суд во Скопје неразумно долго, без да наведе причини, ги чувал предметите „Таргет-Тврдина“ и „Трезор“ во кои обвинет е ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, но и случајот „Транспортер“ за ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, а пропусти има и во случајот „Алфа“ за убиството на полицаецот кај ПМФ. Ова се дел од заклучоците донесени на денешната седница на Судскиот совет по направената ревизија во Апелација.

Работна група од Судскиот совет направи ревизија во Апелација по реакциите во јавноста на граѓаните но и на политичарите за укунувањето на пресудата за предметите најголемата до сега афера „Таргет Тврдина“ и „Трезор“ кои се однесуваа на масовното незаконско прислушување, набавката и уништувањето на опремата за прислушување.

Обемноста на предметите, пренатрупаноста со работа, користењето боледувања и годишни одмори, зарази со ковид биле дел од оправдувањата што ги давале судиите во изјавите пред тројцата членови на Судскиот совет што ја правеа контролата.

„Она што го констатираше работната група е дека е изминат период од речиси девет месеци од денот на одржување на јавната седница до денот на донесување на одлуката. Сметаме дека нема образложение за причините за изминувањето на толку долг период. Сметаме дека се создадени услови за евентуално застарување на дела во оваа постапка што е сериозна повреда на Законот за кривична постапка поради непочитување на роковите за донесување на одлука“, изјави на седницата судијката Тања Чачарова-Илиевска.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на распит – истовремено бара нов мандат во обвинителството

Обвинителката Вилма Русковска за којашто се води дисциплинска постапка по кривична пријава на директорот на Управата за финансиска…