Татко и син изгореа во пожар во стан во Прилеп

Голема трагедија синоќа го погоди Прилеп, татко и син загинаа во пожар кој што се случи на улицата „Цане Илиески“ 87а. Според командирот на ТППЕ Прилеп, Христијан Момироски, пожарот бил пријавен во 21.45 минути, а тие веднаш интервенирале со 3 возила и 9 пожарникари. Но за жал кога пристигнала противпожарната единица лицата веќе биле починати. 

„Од лице место опожарено е дел од спратот на куќата, дневна и кујна. Пожарот е изгаснат од страна на ТППЕ и е спречен да не се прошири на другиот спрат и соседните куќи. Нажалост лицата пред да стигнеме биле починати. Едното од двете лица е пронајдено изгорено во дневната соба, а другото лице од страна на пожарникарите е извадено надвор и од страна на Итната помош е констатирано смрт од задушување“, вели Христијан Момироски, командир на ТППЕ Прилеп.

Од Итната помош од Прилеп велат дека за жал кога пристигнале на лице место можеле да констатираат само смрт на сега починатите. 

„На лице место дознавме дека има 2 лица кои не се извадени од куќата, на пожарникарите им требаше околу 20 минути да стигнат до телата. На самото место едното тело беше комплетно опожарено, а другото делумно, но првично од количината на чад која ја видовме таму се имаат задушено сигурно двете тела. Еден од луѓето кои живееја таму ни кажа дека биле подвижни но останале да го гаснат внатре пожарот“, истакна Даниел Аврамоски, началник на Итна Помош Прилеп.

Телата се предадени на обдукција, а официјални информации за тоа како точно се случил пожарот засега нема ниту од МВР, ниту од Јавното обвинителство. На терен се уште се врши увид, повеќе детали за овој немил настан се очекуваат во текот на денот.

Total
0
Shares
Поврзани објави