Тепачката синоќа во Карпош била откако автомобил удрил во 16 годишник

За вчерашната масовна тепачка  пред трговскиот центар Антико во Карпош  по сообраќајка, денеска од МВР излегоа со официјални информации.

До тепачката дошло откако автомобил удрил 16-годишен пешак, по што пет други лица физички се пресметале.

На 28.06.2023 во 19.53 часот било пријавено дека на паркинг пред трговски центар на подрачјето на Карпош, по претходна расправија околу случена сообраќајна незгода во која патничко возило удрило во 16-годишен пешак, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу М.Г.(28) и Б.Е.(27), од една страна, и Х.Ј.(21) и Р.И.(49), од друга страна сите од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија од МВР

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Заразената болничарка од Инфективна клиника носела заштитна опрема при негување на починатата пациентка од конго-кримска хеморагична треска

Болничарката од Клиниката за инфективнои болести која се зарази со конго-кримска хеморагична треска, носела ракавици и заштитна опрема…