Тешка сообраќајна несреќа кај Битола, еден загинат, 20 повредени

Едно лице загина, а уште 20 побарале медицинска помош во битолската болница, откако се судрија автомобил со комбе кое превезувало работници.

Несреќата се случи на излезот од Битола кон Демир Хисар. Пожарникари од Битола го извлекле загинатиот од возилото.

Од дваесете лица кои побарале помош, ниту едно не е во критична состојба.

Од Обвинителството известуваат дека јавен обвинител од ОЈО Битола изврши увид на лице место заедно со вешто лице.

„Издадени се наредби за прибирање на траги од лице место и проверка на крв и урина на возачите. Се постапува за расчистување на причините за несреќата“, додаваат од Обвинителството.

Total
0
Shares
Поврзани објави