„Веруваше дека може и успеа“ – стои во описот до видеото во кое се гледа како по долга 9-месечна борба со леукемијата 3-годишната Дарија Чулевиќ од Скопје конечно ја напушти Детската клиника.
Кога гледаме дека некое детенце успеало да се избори и да го победи ракот, тогаш срцето ни е полно. Малата Дарија од Скопје на само 3 години заедно со своето семејство ја водеше најтешката битка за животот и успеа да победи.
За време на долгата 9-месечна борба со леукемијата, македонската јавност редовно можеше да ја следи состојбата на Дарија, преку нејзиниот профил на Инстаграм.

Малата хероина конечно ја напушти Детската клиника во Скопје, а постарото братче Дарис ѝ помогна да се качи на скалите за да заѕвони на ѕвончето.
На малата Дарија пред 9 месеци ѝ била дадена дијагноза дека боледува од леукемија, а во изминатиот период примила вкупно 3 циклуси на хемотерапија.
На 3-ти јули годинава Дарија ја прими последната хемотерапија, а две недели подоцна и официјално заѕвони на ѕвончето.