Три жени загинаа во несреќата во која автомобил излета во Вардар, се трага по маж

Во вчерашната несреќа во која автомобил излета од патот во реката Вардар загинаа три жени.

Се уште се трага по маж, а четиригодишното дете кое било во автомобилот е во стабилна состојба.

Несреќата се случи на патот од Рашче кон Кондово и Сарај, скопско.

Како што информираа од Центарот за управување со кризи, телата на жените беа пронајдени во автомобилот, а детето е спасено од случајни минувачи, кои го извлекле од автомобилот.

Total
0
Shares
Related Posts