Убиството во Битола е снимено од камери поставени на објект каде престојувал дедото?

Битолчанецот Стојанче Соколов (44), кој во понеделникот беше убиен од дедото при обид да изврши насилство со мачета врз својата поранешна сопруга и во 2018 бил кривично гонет за семејно насилство врз сопругата.

Според податоците од СВР Битола тој пред 3 години ѝ нанел телесна повреда на својата сопруга по што таа го пријавила.

„Според нашата евиденција во 2018 година С.С. бил пријавен од сопругата за нанесување на телесна повреда, за што полицијата му поднесе кривична пријава за семејно насилство со нанесување на телесна повреда. Од 2015 до 2022 година ова е единствена кривична пријава за семејно насилство поднесена против него од страна на сопругата според нашата евиденција“, велат од СВР Битола за „Независен“.

Каков исход имала оваа кривична пријава против Соколов засега немаме податок. Сега убиениот одлежувал и затворска казна и имал дебело криминално досие, велат од полицијата, но без подетални податоци.

Битолчани на социјалните мрежи сѐ повеќе ја искажуваат поддршка за дедото кој во моментот на убиството ја бранел својата ќерка од насилникот, кој пак упаднал кај нив дома со мачета. Неофицијално се зборува дека убиството било снимено од камерите поставени на објект каде престојувал дедото. Обвинителството наведува дека ќе се обезбедат снимки од видеонадзор на објектот.

ОЈО денеска се огласи дека за дедото ќе биде побаран притворен бидејќи со умисла го лишил од живот неговиот бивши зет. Обвинителството го товари дедото за кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик. Во законот стои дека „Тој што друг ќе лиши од живот ќе се казни со затвор најмалку пет години“.

„Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице, оценувајќи дека постои опасност да се даде во бегство или да влијае врз сведоците“, велат од ОЈО.​

Според првичните сознанија, на 21 февруари сега починатиот, вооружен со долг нож, започнал да удира со клоци по дрвената влезна врата од домот на осомничениот и ја скршил. Штом влегол во домот, во претсобјето бил пречекан од осомничениот кој пукал директно во него со пиштол „бајкал“ што го поседувал со дозвола. Го застрелал со два последователни истрели, па оштетениот веднаш паднал и починал на лице место, стои во извештајот на Обвинителството.

Телото на починатиот е дадено на обдукција, а се прибираат траги од лице место кои ќе бидат предмет на вештачење.

Нè газеше со години, никој не сакаше тој да умре, но немаше друго решение освен да пука, рече пред судот синот на битолчанецот Фердо

Битолчани денеска со мирен протест пред судот во Битола побараа ослободување од притвор на нивниот сограѓанин Тони Ѓорѓевски Фердо које обвинет за убиство на невеначниот сопуг на својата ќерка.

– Оваа работа се случи во самоодбрана. Дојде со намера да нè отепа. Нè нападна зомби, не човек. Нè нападна со ножот. Татко ми мораше да пука за да нè одбрани останатите петмина што бевме дома. Никој не сакаше тој да умре, но немавме друго решение освен да пука“, рече Јове, синот на осомничениот нагласувајќи дека убиениот Стојанче Соколов (44) бил насилник и кобниот ден во понеделникот тој со сила им упаднал во куќата со мачета и им се заканувал.

– Ако татко ми не пукаше ќе настрадаше дел од семејството со гаранција. Денес ние ќе бевме мртви. Беше подготвен и сопствените деца да ги убие. Да кажат судиите како ќе изреагираат да им влезе некој дома, да оди кон нив со намера да ги отепа и има оружје? Сакам да ми дадат одговор надлежните како ќе постапат тие ако гледаат дека некој им го напаѓа чедото и сака да го отепа? прашува Јове.

Неговиот татко Тони Ѓоргиевски-Фердо (62) е осомничен за убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, зашто со умисла го лишил од живот Соколов. Семејството на осомничениот тврди дека со години трпеле тортура од Соколов кој поради своето насилничко однесување и бил познат на полицијата и социјалните служби. Дури и неколку пати бил во затвор, а злоупотребувал и алкохол и дрога.

– Овој проблем го имаме повеќе од 20 години. Пријавуван е во полиција, во Центарот за социјални работи. Ќе дојдеше ќе се извинеше, ќе тераше некое време. Ќе се испијанеше, беше и конзуматор на дрога, ќе дојдеше дрогиран, ги малтетираше, тепаше. Имаше закани и кон мене, цело време кон сестра ми и внуците. Нè газеше со години , мајка ми и татко ми дома не можеа да преспијат мирно, спиеја со телефонот в раце да не се случи некому нешто“, рече синот.

Кобниот ден сестрата на Јове заедно со двете деца поради заканите од Соколов побегнала кај таткото, а целиот напад и убиството се снимени со камера која била поставена во домот, тврди синот.

Младиот Јове имајќи ја зад себе поддршката од битолчани кои денеска на пладне излегоа на протестот пред судот, побара ослободување од притвор зошто, рече, да сакал да бега тоа ќе го сторел веднаш по убиството, но напротив повикал брза помош и полиција.

– Татко ми го знаат сите како чесен , никогаш немал проблем со законот, рече Јове.

Total
0
Shares
Поврзани објави