УВ индексот 8 – внимателно на сонце , попладне малку дожд

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, максималната ќе достигне од 28 до 36 степени, а УВ индексот 9.

Како што соопшти УХМР, во Скопје, сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Total
0
Shares
Поврзани објави