Угина уште еден коњ во скопската зоолошка градина, трет за два дена

Три коњи угинаа за два дена во скопската зоолошка градина. Кои се причините во моментов нема официјални информации. Неофицијалните кои ги соопшти и министерството за внатрешни работи говорат дека станува збор за труење.

В. д. директорот на скопската Зоолошка градина Зоран Попов вели дека случајот е пријавен во полиција  и по добиените резултатите од Факултетот за ветеринарна медицина јавноста ќе биде известена.

„Станува збор за пржевалски коњи кои се ретки и скапи, по потекло се од Монголија, а во Скопје се донесени од национален парк во Австрија како донација на приватна фирма“, пишува СДК.

Инаку сите коњи си испратени на патохистолошката анализа, по што точно ќе се знае која била причината за угинувањето.

Во Зоолошката градина во мај угина и жирафата Каспер. Според патохистолошката анализа од Факултетот за ветеринарна медицина беше констатирано инфекцијата салмонела. Оваа инфекција била пронајдена во желудникот на жирафата, црниот дроб, слезината и цревата. Притоа, во цревата биле најдени и паразити.

Total
0
Shares
Поврзани објави