Украина со ново барање за донација од Македонија – „Не можеме да одговориме позитивно“, рече министерката Петровска

Украина пред еден месец испратила ново барање за донација од Македонија. Се барала воена опрема. Но овој пат не сме во можност да одговориме позитивно.

„Да има ново барање, но во моментов не можеме да одговориме позитивно на барањето“, рече на брифинг со новинарите министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Од одбрана додаваат дека опремата која ја барала Украина се уште се користи и е потребна на нашата држава.

Претходно Македонија два пати одговори позитивно на барањата од Украина за донација на воена опрема, но стануваше збор за застарена опрема која не ја користеше нашата армија и би била само товар и трошок за одржување на македонската армија.

Total
0
Shares
Поврзани објави