Уставниот суд ќе поведе постапка, донесена времена мерка за неиздавање на новите изводи

Уставниот суд денеска одлучи да поведе постапка за утврдување на уставноста на Упатството за водење на матични книги поради непочитување на уставно пропишаниот рок од седум дена за негово објавување во Службен весник. Исто така Уставниот суд донесе времена мерка за неиздавање на овие документи.

На денешната седница во делот на јавноста присуствуваше и министерот за правда Кренар Лога кој Упатството го потпишал на 29 мај, а во Службен весник е објавено на 15 јуни.

Лога по седницата изјави дека е вистина дека не е испочитуван уставниот рок од Секретаријатот за законодавство и Службен весник, но оти тоа не е направено од негова страна.

-Такви пропусти имало во минатото во сите службени весници и јас носам неколку од нив, рече Лога. Според него, Уставниот суд не треба да ја отвора Пандорината кутија, бидејќи во речиси секој Службен весник има непочитување на уставни рокови и дека дури и има непочитување и Уставниот суд.

Одговарајќи на новинарско прашање за тоа дека поранешна министерка за правда реагираше дека е неуставно упатството што тој го потпишал а се однесува на внесување на етничката припадност во изводот во матична книга, рече дека таа (Рената Дескоска ) не е компетентна да го кажува тоа, бидејќи „ги избегнала уставните измени и сама, како што рече, се номинирала за член на Венецијанската комисија.

Лога не одговори и на прашањето кои држави во изводот има графа за етничка припадност, туку кажа контра прашање и тоа : во кои европски земји во Уставот стои „јазик што го зборуваат 20 отсто од граѓаните“.

На денешната седница на Уставниот суд беше иницијативата на Павле Трајанов за една изборна единица, две иницијативи поврзани за бугарските клубови, иницијативата налидерот на Левица Димитар Апасиев за одлучување од страна на Џафери и други.

Total
0
Shares
Поврзани објави