Хирург од најголемата болница во Газа: „Бомбардирањето трае 24 часа, тука е воена зона“

Ахмед ал-Мохалалати – хирург во болницата Ал Шифа во Газа, изјави за „Ројтерс“ дека здравствената установа била под континуирано бомбардирање повеќе од 24 часа.

Тој рече дека повеќето од болничкиот персонал и луѓето кои се засолниле таму си заминале, но дека останале 500 пациенти. Болницата Ал Шифа е најголемата болница во Газа.

„Тоа е целосна воена зона. Сосема застрашувачка е атмосферата овде во болницата“, рече тој.

Коментарите на хирургот дојдоа откако директорот на болницата Мухамед Абу Салмија изјави за „Ал Џезира“ дека заштитата на пациентите е приоритет.

„Контактиравме со Црвениот крст и ги известивме дека останавме без вода, кислород, гориво и се’. Предвремено родените бебиња, пациентите на интензивна нега, па дури и ранетите не можеа да преживеат без струја. Доколку окупаторските сили сакаат да ги евакуираат ранетите на кое било место во светот кој е побезбеден од Појасот Газа, ние не сме против тоа“, рече директорот на болницата.

Министерството за здравство предводено од Хамас соопшти дека последниот генератор на болницата останал без гориво вчера, при што загинало предвремено родено бебе, уште едно новороденче во инкубатор и уште четворица пациенти.

Израелските одбранбени сили соопштија дека ќе помогнат во преместувањето на бебињата кои се лекуваат во болницата подоцна денеска, но не објавија дополнителни детали.

Израел им порача на лекарите, пациентите и илјадниците луѓе кои се засолнети во болниците во северна Газа да се преселат на југ за да може да се справи со вооружените лица на Хамас.

Се вели дека милитантната група поставила командни центри под и околу болниците – што Хамас го негираше.

Total
0
Shares
Поврзани објави