Цело семејство убиено во Србија: Завршена обдукцијата – застрелани па запалени

Обдукцијата на телата на семејството Ѓокиќ од Алексинац е завршена и резултатите покажуваат дека се убиени со огнено оружје.

Нешто порано пронајден бил и еден крушум кај автомобилот.

Според првичните неофицијални информации, постои сомнение дека Ѓокиќ се убиени во автомобил, а не се исклучува можноста дека оружјето имало пригушувач, затоа што нема сведочења дека се слушнале пукотници.

Според српските медиуми Горан поседувал пиштол но без дозвола. Се претпоставува дека го носел со себе , а можеби и е застрелан со истиот. Тој набавил оружје бидејќи како сопственик на менувачница често бил напаѓан.

На 20 метри од јамата, длабока 4 метри, во која биле пронајдени јагленисани телата сопственикот на менувачница, 57-годишниот Горан Ѓокиќ, неговата 56-годишна сопруга Гордана и ќерката Лидија која имала 25 години, пронајден бил јаглен.

-Полицијата со трака го означила целото подрачје. Она е очигледно е тоа дека траговите дека имало палење не се пронајдени само во јамата, туку и на рамниот дел, недалеку од јамата. Тоа може да укаже на тоа дека убиецот, кој најверојатно имал и помагачи, Ѓокиќ ги убил, па ги запалил на тој рамен дел, а дека телата потоа биле префрлени во јама, каде биле покриени со лисја, гранки, даски и отпад за да се сокријаттелата – објаснил извор за Курир.рс и додал дека на заграденото подрачје има најмалку 10 места на кои има јаглен.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Курц под истрага за корупција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц денеска ги отфрли обвиненијата на обвинителството за економски криминал против него и неколку други…