Хрватска влезе во Шенген, од денеска се купува со евра

Хрватска од денеска е членка на Шенген зоната и официјално почнува да го употребува еврото наместо досегашната национална валута – куна.

Со влегувањето на Хрватска во најголемата безгранична област во светот, граничните контроли на сите нејзини граници со земјите од ЕУ се укинуваат, додека границите со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора стануваат надворешни граници на ЕУ.

За граѓаните од соседните земји кои не се во ЕУ (Србија, Македонија, БиХ, Црна Гора), влезот на Хрватска во Шенген не носи промени во процедурата за преминување на границата, бидејќи Хрватска до сега ги применуваше шенгенските правила.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

(Видео) Љубљана под вода

Силното невреме што ја зафати Словенија синоќа поплави над 500 згради само во Љубљана, пишува 24ur. Дежурните служби…