Цената на гасот во Европа продолжи да расте

Цената на гасот во Европа продолжи да расте и во моментов се движи над 3.000 долари за илјада кубни метри, поскапувајќи за 20 отсто од почетокот на денешното тргување.

Во тргувањето со фјучерси на холандската TTF-спот, цената на гасот за испорака во септември скокна на 3.024 долари за 1.000 кубни метри, или 292,4 евра за мегават-час (MWh) по тековниот девизен курс од евро во долар, пренесува ТАСС, цитирајќи податоци од берзата ICE во Лондон.

Ова е првпат од 8 март цената да го надмине нивото од 3.000 долари, а порастот уследи по извештаите дека Русија ќе ги прекине испораките преку Северен тек 1 на три дена, почнувајќи од 31 август, за да ја поправи компресорска гасна единица.

Total
0
Shares
Поврзани објави