ЦУК: Ангажирани се нуркачи за и под вода да се утврди состојбата на столбовите на мостот на Црна Река

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) вчера информираа дека се прават анализи за решавање на состојбата со напукнатиот бетонски столб на мостот кај Стоби. Поради ситуацијата, железничкиот товарен сообраќај меѓу станиците Кукуричани и Градско е во прекин од вторникот, а патничкиот се одвива со „премостување“ – со автобуски превоз

Покрај експерти и професори од Градежниот факултет, ангажирани биле и нуркачи за и под вода да се утврди состојбата со столбовите на мостот на реката Црна каде што има напукнат столб, соопшти утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК) повикувајќи се на информации на ЈП „Македонски железници“.

Поради состојбата со мостот, железничкиот сообраќај на овој дел е во прекин и патниците се пренесуваат со автобуси.

„Железничкиот патнички и товарен сообраќај се одвива според планираниот возен ред, освен за Гевгелија каде што има застој кај мостот кај Стоби поради негово поместување и поради тоа товарниот железнички сообраќај не се одвива, додека патничкиот се одвива бавно со пренесување на патниците со помош на автобуси кај Градско, односно Криволак“,се наведува во информацијата на „Македонски железници“ што ја пренесува ЦУК.

Total
0
Shares
Поврзани објави