ЦУК: Вчера имаше 26 пожари на отворен простор, активни се уште два

Центарот за управување со кризи (ЦУК), согласно информациите од неговиот Сектор за операции и координација, информира дека пожари на отворен простор вчера имало вкупно 26. Од нив, активни се уште два: во Општина Македонси Брод, с.Белица под Солунска Глава (каде што гори ретка борова шума, сува трева и грмушки) и во Општина Чашка кај с.Крива Круша (каде што гори сува трева и папрат).

Другите 24 изгаснати, од вкупно 26-те пожари во последното деноноќие, биле на целата територија на државата, во општините:

  • Општина Гази Баба, кај клучка кај Арачиново (каде што горела трска);
  • Општина Аеродром. покрј ул.„Ѓорѓи Капчев“ (отпадоци);
  • Општина Бутел, кај населбара „Кучевишка Бара“ (сува трева);
  • Општина Илинден, кај с.Бунарџик (сува трева);
  • Општина Новаци, кај с.Бач (сува трева);
  • Општина Прилеп, 5 пожари, кај Индустриско училиште (сува трева), с.Селце (сува трева), с.Големо Коњари (сува трева), с.Новоселани (сува трева) и кај Прилепско Езеро (сува трева, грмушки и шума);
  • Општина Долнени, помеѓу селата Рилево и Сливје (сува трева);
  • Општина Кривогаштани, 3 пожари, кај с.Локвени (сува трева), помеѓу Кривогаштани и Врбјни (сува трева) и помеѓу с.Кривогаштани и с.Светомитрани (сува трева);
  • Општина Гевгелија, кај с.Ѓавато (сува трева);
  • Општина Велес, с.Иванковци (сува трева);
  • Општина Чашка, с.Стари Град (сува трева и трње);
  • Општина Штип, помеѓу конфекција Албатрос и Штипска млекара (сува трева и грмушки);
  • Општина Куманово, 2 пожара, с.Карабичани (сува трева) и с.Романовце (стрниште);
  • Општина Старо Нагоричане, 2 пожара,: с.Кокино (сува трева и борови гранки); с.Никуљане (стрниште);
  • Општина Крива Паланка, с.Луке (букова шума и сува трева) и во
  • Општина Кратово: с.Татомир (каде што горела сува трева).
Total
0
Shares
Поврзани објави