ЦУК: Едно лице загина, а три се тешко повредени во сообраќајка кај Ранковце

Едно лице го загубило животот, а три се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во реонот на село Љубанци во Општина Ранковце, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). 

Според информациите на ЦУК, добиени од Регионалниот центар во Куманово, во несреќата автомобил, од засега непознати причини, удрил во банкина покрај патот.  

Трите тешко повредени лица, според првичните информации од ЦУК биле пренесени во болницата во Куманово.  

„Сообраќајот на тој патен правец во периодот од 2 часот до 5:25 часот бил во целосен прекин“,се наведува во информацијата од ЦУК.  

Total
0
Shares
Поврзани објави