ЦУК: Зголемен број повици на 112 во последното деноноќие – вкупно 2.145 повици, пет пожари на отворено, а во првите петнаесетина минути од првиот ден годинава пожарникарите имале гаснење пожар со спасување неподвижно лице

Во Центарот за управување со кризи (ЦУК) имало вкупно 2.145 повици на Единствениот број за итни случаи 112 во последното деноноќие, што е зголемен број од претходното кога имаше 2.020. Од нив, „реални“ повици биле 42,33%, а 57,67% биле за други потреби на граѓаните што не биле итни.
Согласно генералната природа на настаните за коишто граѓаните се јавувале, кон Полиција биле упатени 56,14%, кон Итната медицинска помош 38,25%, а кон пожарникарите 3,51% од реалните повици кон 112 во ЦУК.
Повици за итни случаи на 112, што се за комбинирано решавање кон ЦУК, имало 2,11% од реалните. Тие повици, заедно со другите („неитни повици“) 55,64% – вкупно на број 1.243, биле предмет на примање и обработка во ЦУК, преку дежурните оперативци во Секторот Е-112, во содејство со Секторот за операции и координација, секако според стандардните оперативни процедури во координација со институциите во Системот за управување со кризи (СУК).

Инаку, ЦУК, согласно информациите од неговите регионални центри, информира дека ова изминато новогодишно деноноќие има само пет пожари на отворено. Во урбаните средини пожари на објекти имало најмногу во Скопско, а во гевгелиското село Миравци имало и спасувачка акција за извлекување неподвижно лице при пожар на куќа.
Во Скопје од 11:00 до 12:25 часот, со 1ПП возило и 3 пожарникари интервенирале на запалена депонија на површина од 600 m2 на стариот пат кон Арачиново во Општина Арачиново. Во период од 12:20 до 13:10 часот со 2 ПП возила и 5 пожарникари интервенирале на запалена напуштена куќа на површина од 10 m2 на Бул. „Св. Наум Охридски“ бр 45 во Општина Центар; Во периодот од 21.20 до 22.00 часот гаснеле запалена електрична инсталација во куќа на ул. „3“ во село Глумово, со 2 возила и 5 пожарникари, во Општина Сарај; Во периодот од 22.35 до 23.15 часот со 1 возило и 3 пожарникари гаснеле запалени гранки во нива на површина од 100 m2 во село Бардовци во Општина Карпош; Од 22.35 до 23.05 часот гаснеле запалени кабли на бандера во село Грчец. Интервенцијата ја извршиле со 1 возило и 3 пожарникари во Општина Сарај; Од 01.45 до 02.10 часот со 1 возило и 2 пожарникари кога гаснеле запалена настрешница на Плоштад „Македонија“ во Општина Центар и БППЗ на Град Скопје имала уште една помала интервенција во градот.
Пожарникарите од ТППЕ Прилеп од 12:45 до 13:45 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во с.Мажучиште. Во период од 16:05 до 17:15 часот, со 3 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена нискостеблеста вегетација во с.Забрчани, Општина Долнени.
Од ТППЕ Радовиш од 13:35 до 14:45 часот, со 2 пожарникари и 1 ПП возило интервенирале на запалена сува трева и грмушки кај црквата во с.Ораовица. Со пожарот била зафатена површина од 1 декар.
Пожарникараите од ТППЕ Гевгелија во првите петнаесетина минути од привиот ден на Новата година, од 00:14 до 02:10 часот, со 2 ПП возила и 7 пожарникари, имале интервенција за гаснење пожар со спасување неподвижно лице. Конкретно, интервенирале за гаснење пожар на запалена стара куќа на два ката на ул.„Маршал Тито“ во с.Миравци. Првиот кат од куќа бил напуштен, а во вториот кат живеела неподвижна стара жена, која била повредена, а по спасителното извлекување е преземена од Итна медицинска помош за понатаможно медицинско згрижување.
ТППЕ Берово од 14:05 до 15:15 часот, со 2 пожарникара и 1 ПП возило интервенирале на запалена ниска вегетација во атар на с.Црник.
Пожарникарите од ТППЕ Куманово од 15:28 до 13:44 часот, со 5 пожарникари и 1 ПП возило имале техничка интервенција на сообраќајна незгода на ул. „Бајрам Шабани“.
ТППЕ Крива Паланка во текот на изминатото деноноќие имала 1 помала интервенција во градот.

Total
0
Shares
Поврзани објави