ЦУК: Шумски пожари во Штип и Зелениково, побарана помош од МВР и ДЗС

Центарот за управување со кризи соопшти дека активни се два шумски пожари во општините Штип и Зелениково о дека и се прошируваат, поради што е побарана помош за нивно гасење со авион и хеликоптер.

-Првиот пожар избил околу пладне на територијата на Општина Штип каде во атарот на село Пиперово е опожарена сува трева, но тој набрзо се раширил кон околната шума. Пожарникарите од локалната противпожарна единица се ангажирани на гасење на блиската боровата шума, поради што е побаранана помош од хеликоптерската единица на МВР, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Анеглов.

Вториот пожар е во Општина Зелениково во атарот на село Гумалево, каде според Ангелов пожарот излегол од контрола и побарана е поддршка од ер-трактор од Дирекцијата за заштита и спасување.

-Ер тракторот на ДСЗ и хеликоптерот на МВР се подготвени за полетување, изјави Ангелов.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Меџити и Алиу до Груби: „Престани со заканите, одмори неколку дена, сфаќам дека ти е крајот, но барем покажи ја машкоста!“

Разрешените министри за здравство, Фатмир Меџити и информатично општество и администрација Азир Алиу на своите Фејсбук профили упатија…