Човекот кој рани девојка утрово, се самоуби пред полицијата – бил осуден и за убиство на брат му

Се самоуби човекот кој утрово ја претепа, па пукаше и ја рани во стомакот 25-годишната девојка од Велес. Полицијата попладнево го лоцираше во неговиот стан, во зграда, на улица Андон Шурков бр. 27, во близина на Интернатот, па во голема акција, се обиде да го уапси. Во акцијата, полицијата употреби шок бомби и солзавец.

Човекот не дозволил да биде уапсен и пред полицијата да влезе во станот, тој се самоубил. Се работи за 38-годишниот Зоран Тодоровски, кој на крајот на 2008 година го уби својот брат и беше осуден на 13 годишна затворска казна.

Утрово околу 7:45 часот, Итната медицинска помош добила повик за повредена девојка со прострелна рана, во нејзиниот дом на улица „Андон Шурков“ во Велес. Девојката прво е пренесена во велешката болница, но поради зериозноста на повредата, е префрлена во Ургентниот центар на хурушките клиники во Скопје, каде што се бори за живот.

Total
0
Shares
Поврзани објави