Ѓоковиќ го погледна синот Стефан и заплака: „Те сакам, ти благодарам што ме поддржуваш…“

Новак Ѓоковиќ по десет години загуби финале на Вимблдон. Во 2013 година честа да го победи најуспешниот во историјата ја имаше Енди Мареј, а денес подобар од српскиот ас беше Карлос Алкараз, кој го забележа најголемиот успех во кариерата.

По големото финале во Лондон, Ѓоковиќ спортски го призна поразот и му ја честиташе победата на противникот.

„Ќе бидам горд утре наутро, денес, не. Тешко е да се проголта сè кога си блиску. Повторно, тоа се оние моменти за кои работите секој ден, благословен сум со толку многу големи натпревари во мојата кариера. Ова е уште еден во историјата, но загубив од подобар играч и морам да му честитам. Мислев дека ќе имам проблеми само на земја и тврда подлога, но не и на трева. Карлос, ти честитам за одличната адаптација на оваа подлога. Заслужено победи“, рече Ѓоковиќ, а потоа заплака кога зборуваше за својата фамилија и синот Стефан: „Мило ми е што мојот син е се уште тука, што се уште се смешка. Те сакам, ти благодарам што ме поддржуваш, ќе те гушнам и ќе продолжиме да се сакаме“.

За српскиот спортски великан ова беше прво загубено Грен слем финале во 2023, откако претходно славеше на Австралија Опен и Ролан Гарс.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Почина Синиша Михајловиќ

Страшна вест доаѓа од Италија, откако весникот „Газета дело спорт“ прв објави дека Синиша Михајловиќ почина денеска, губејќи…
Повеќе

Почина Чиро Блажевиќ

Почина Мирослав Чиро Блажевиќ, легендарниот селектор и селектор на Хрватска. Почина на 88-годишна возраст по долга борба со…