Ѓорѓиевски: Длабоко се каам што сум гласал за Арсовска

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски рече дека градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска не може да ја види на терен, на некој проект, туку само како се кара.

– Уште со мене не беше скарана и со граѓаните на Кисела Вода. Еве се скара и со нас, кажа Ѓорѓиевски.

Тој ја обвини Арсовска дека има постојани опструкции кои што произлегуваат, како што рече од нејзините лични фрустрации изминатиов период и со „Водовод“ и со „Комунална Хигиена“.

– За едно обично барање со месеци чекаме. Тоа е класично изживување и лечење на фрустрации, кажа Ѓорѓиевски и додаде дека како политичар секогаш има доблест да каже кога ќе направи грешка.

– Јас длабоко се каам што сум се довел во ситуација да гласам за Арсовска, длабоко се каам, рече градоначалникот на општина Кисела вода.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде оставка – Мицкоски, Милошоски, замената во судскиот систем со „нивни“ луѓе, наместо подобрување

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде неотповиклива оставка. Дамева, својата оставка ја објави на прес конференција…
Повеќе

Нова цена на горивата

Со денешната одлука на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) цената на бензините ќе се намали…