ЈСП: Приведен вработениот од чии мејл стигнала лажната дојава за бомба

Денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП.

авното сообраќајно претпријатие Скопје преку соопштение информира дека денеска од полициски службеници е приведен Ј.И. вработен во ЈСП, постапувајќи по пријава од ЈСП околу 5 часот.

Во пријавата се наведува дека од неговиот мејл пристигнала порака на службениот мејл на ЈСП и на мејловите на сите директори и повеќе служби во ЈСП дека поради нередовното земање на плата планирал да постави бомба во автобус на ЈСП, која би експлодирала денес за време на протестите.

Се вршат антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението од ЈСП

Total
0
Shares
Поврзани објави