1.299 новозаразени и 24 починати од КОВИД-19 во последното деноноќие

Министерството за здравство информираше дека се регистрирани нови 1.299 нови случаи на КОВИД-19 и тоа 672 во Скопје, 70 во Прилеп, 62 во Куманово, 47 во Битола, 44 во Велес, 43 во Охрид, 38 во Кавадарци, 36 во Неготино, 34 во Гостивар, 32 во Тетово, 30 во Струмица, 21 во Кочани, 20 во Штип, 18 во Кичево, 17 во Гевгелија, 16 во Св. Николе, 13 во Радовиш, 12 во Ресен и 11 во Струга.

Во Валандово се регистрирани девет нови случаи на КОВИД-19, осум во Берово, по седум во Крива Паланка и Богданци, шест во Пробиштип, по пет во Делчево и Македонски Брод, по четири во Виница и Крушево, три во Демир Хисар и Дојран, и по еден случај во Дебар и Кратово.

Од МЗ исто така информираат дека пријавени се  вкупно 24 починати лица, на возраст од 35 – 82 години и тоа седум пациенти од Скопје, пет од Кавадарци, четири од Прилеп, две од Гевгелија и по едно починато лице се регистрира од Тетово, Велес, Кочани, Кичево, Ресен и Радовиш. Сите пријавени се починати во болнички услови.

Регистрирани се 413 оздравени пациенти, и тоа 113 од Кавадарци, 67 од Скопје, 62 од Неготино, 36 од Прилеп, Куманово – 21, Велес – 18, Тетово, Штип, Битола, Струмица и Кочани – 11, Гостивар и Гевгелија – по 9, Демир Капија – 5, Свети Николе и Делчево – по 3, Ресен, Валандово, Богданци и Кратово – по 2, Радовиш, Пробиштип, Виница и Демир Хисар – по 1.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 118.736, бројката на оздравени пациенти е 100.250, на починати е 3.448, а бројот на активни случаи изнесува 15.038“, се вели во соопштението на МЗ.

Досега во земјата се направени вкупно 587.546 тестирања на Ковид-19, а во последните 24 часа се направени 5.057 тестирања.

Total
0
Shares
Поврзани објави