13 години живее во мрак!

Шеесет и шест годишниот М.С живее во потполн мрак повеќе од 13 години, во 21 ви век. Ова е куќата во која живее без основно човеко право, право на сијалица, светлина, во строг центар на еден помал град во Македонија. Човекот е примател на социјална пензија од 6000 ден. EVN бараат 19 000 ден. да го приклучат во електрична енергија, но под услов, да им извади имотен лист на свое име за куќата.

Долгот е направен од неговиот покоен татко, а куќата е неподелена, имотно правните односи не се решени. ЕВН како приватна компанија се обидува да манипулира со лични податоци, да го крши законот барајќи имотен лист. Вакви осамени, сиромашни луѓе ги има многу по нашава држава кои живеат како во 19 век.

извор: Ана Глигорова – активист

Total
0
Shares
Поврзани објави