14-годишно дете и двајца возрасни пронајдени мртви во импровизиран верски објект во неготинско

Дете на возраст од 14 години и двајца возрасни денеска се пронајдени мртви во неготинското село Црвени Брегови.

Тие се најдени починати во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект.

Информацијата ја потврдија од Јавното обвинителство, од каде велат дека при првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство.

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци изврши увид на лице место во неготинското село Црвени Брегови, каде во мала куќа која се користела како импровизиран верски објект биле пронајдени три безживотни тела меѓу кои и на едно дете на возраст од околу 14 години. При првичниот преглед на лицата не се констатирани траги на насилство. Јавниот обвинител издава наредби за обдукција, како и наредба за испитување на исправноста на плинскиот уред на кој се грееле.

Total
0
Shares
Related Posts