Социјално загрозените нема да плаќаат извршители, наместо третина ќе се задржува петтина од плата или пензија

Собранието ги изгласа најновите измени и дополнувања на Законот за извршување кои ги подготви Министерството за правда.

Со измените целосно се изземаат од присилното извршување примањата на граѓаните кои се корисници на гарантирана минимална помош, примањата на децата согласно Законот за заштита на децата, како и примањата за социјална сигурност на старите лица, согласно прописите за социјална сигурност на старите лица.

Дополнително, со измените се намалува износот на максималната вредност која може да биде задржана, односно се менуваат ограничувањата на извршувањето и тоа од 1/3 на 1/5 од плата и пензијата за лицата приматели на просечна плата и пензија, надомест на трошоци за сместување на лице и надоместок за згрижување на згрижувачко семејство, како и за децата корисници на семејна пензија.

Примената на законските одредби ќе се однесува и за веќе започнатите извршувања бидејќи станува збор за поповолен закон за граѓаните.

Total
0
Shares
Related Posts