31-годишна родилка почина во болницата во Куманово, новороденчето префрлено на Детската клиника

Родилка на возраст од 31 година синоќа починала во Општата болница во Куманово, а новороденчето е префрлено на Детската клиника во Скопје.

Ова и било второ породување, а првото минало без компликации. Од Болницата информираа дека при втората бременост бил откриен гестациски дијабет.

Родилката починала при породување, а таму била примена завчера со прснат водењак, со почнато породување, со слаби контракции и е почекано да се добијат спонтани контракции по природен пат за да продолжи породувањето.

-Чекано е до вчера и вчера е почнато со стимулација. Кога е почнато со стимулацијата нагло е настанат престанок на срцева работа, немерлив притисок, викнат е анестезиолог за реанимација, при обид за реанимација не е добиена срцева акција и крвен притисок, веднаш е внесена во сала за операции да се извади плодот, посочи денеска Стефан Трајановски, директорот на Болницата.

Обвинителството поведе истрага, а обдукцискиот наод треба да ги покаже причините за нејзината смрт.

Total
0
Shares
Related Posts