Судијката Лидија Трајковска-Зимбовска, изрече шест години затвор за Сеад Кочан за предметот „Труст“ и забрана за вршење дејност. Според обвинението, осомничените формирале конзорциум и со лажни документи добиле тендер за ископ на јаловина во РЕК Битола.
Ова е првостепена пресуда и не е правосилна сите страни во постапката имаат право на жалба.
Обвинетиот Василије Авировиќ доби 3 години затвор. Во текот на судскиот процес сите докажувааа и тврдеа дека не се виновни.
Кочан во завршните зборови рече:
– Покрај сувото гори и суровото.
Сакал да биде конкурентен на пазарот и да обезбеди работа за неговите вработени и нивните семејства. Призна дека не ги проверил документите за овој случај пред да ги потпише оти имал верба во својот тим иако како менаџер имал таква обврска.
И Авировиќ тврдеше дека ништо незаконски не сторил и дека поради ова судење дополнително ја загрозило неговата кревка здравствена состојба.
Обвинетиот Ватиќ во завршните зборови очекуваше ослободителна пресуда и така доби.
СЈО побара тројцата обвинети да бидат осудени, а фирмите „Трансмет“ ДОО Скопје и „Силекс неметали СТ“ преку конфискација да вратат во државниот буџет 17 милиони евра. Освен барањето за конфискација на имотот, СЈО одлучи третообвинетиот во овој случај Сафет Васиќ да го гони за помагање и го повлече обвинението за неговата фирма „Вато“ ДОО Студеничани.
Од фирмите на Кочан се конфискуваат над милијарда денари.
Поврзани објави
Притвор за Камчев, Груевски судски доставувач не го најде
Јордан Камчев, Цветан Панделески, Ненад Јосифовиќ, Зорица Арсовска и Тодор Мирчевски, добија по 30 дена притвор . Судија…
Кадрите на претседателот Ѓорѓе Иванов во Уставен суд се “За” референдумот
Судијата известител во Уставниот суд Елена Гошева предлага да се поведе постапка за одлуката за распишување референдумот и…
Му се заблагодарија на Заев: Осудени за убиство на ослободени од доживотен затвор
Наим и Рамиз Асани осудени на доживотен затвор за убиството на 17-годишниот Енис Исмаили, 14-годишниот, Енгин Исмаил и…
Судење Монструм: На средба кај претседателот со семејствата на убиените деца разбравме дека лидерот на СДСМ им кажал клевети за паднат телефон од полициски службеник -телефонот ми е дома !
Поранешниот советник за национална безбедност Синиша Алексовски, на денешното рочиште за „Монструм“, рече дека имал усна информација од полицискиот…