60 компании под истрага, злоупотребиле пари за фантомски проекти, вели директорот на ФИТР

60 компании кои добиле пари од државата за иновации и развојни проекти наместо да ги искористат средствата за реализација, спроведувале фантомски проекти и направиле штета на буџетот од над 3 милиони евра, обвини новиот директор на ФИТР, Никола Додов. Ова го покажала ревизијата за последните пет години која се уште трае.

Oд вкупно 60 компании кои се предмет на истрага, веќе се поведени постапки за наплата на побарувањата пред надлежен извршител додека дел од нив се во постапки за поднесување на кривични пријави, и граѓански парници по кои понатаму ќе постапува надлежното обвинителство односно надлежните судови“ – Никола Додов, Директор на ФИТР

Додов тврди дека се откриени злоупотреби и од страна на 50 приватни здравствени установи кои купувале медицинска опрема.

За време на Ковид-кризата, кога одредени приватни здравствени установи добивале финансии, додека државните се бореле сами со здравствената криза. Најчесто се купувани машини, еве конкретно немаме до државните институции рентгени, во приватните имаме подобри рентгени затоа што ги финансираме. По законот за трговски друштва ние не треба да финансираме здравствени установи“ – Никола Додов, Директор на ФИТР

Сител ги контактираше тројцата директори кои раководеа со Фондот во периодот кој сега е под ревизија.

Во периодот до втората половина на 2020г. ФИТР имаше редовни годишни ревизии за работењето, како дел од обврските кон Светската банка. Ниту една од овие ревизии не покажа недоследности во користењето на средствата. Останувам на располагање на институциите за поддршка во разјаснување на евентуални отворени прашања“, вели Јован Деспотовски.

Секој проект одобрен за финансирање во ФИТР е избран од независен Комитет за одобрување на инвестиции според транспарентни и објективни критериуми. Проектите потоа се следени од реномирани ревизиски куќи. Уверен сум дека секоја одлука за време на мојот мандат е донесена строго во согласност со законите. Доколку договорите не се реализирани од страна на примателите на грантовите, постојат правни механизми за да се санкционира истото“, ни одговори Коста Петров.

Тврдењата дека не се работело законски и имало злоупотреба, ги отфрламе како целосно невистинити. Ниту јас како директор, ниту некој од вработените учествувал во процес на евалуација и донесување на одлуки за избор на проектни апликации. Со факти и вистина ќе се спротивставиме на сите обиди, преку дневно-политичка кампања, да се дискредитираат домашни компании корисници што подготвија, кофинансираат и реализираат инвестициски проекти во економијата, како и екипата на ФИТР кои што посветено и транспарентно сме ги извршиле нашите задачи“ стои меѓудругото во одговорот на Фестим Халили.

sitel.mk

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Случката со Османи на скопскиот аеродром е чиста провокација и намера да се предизвика инцидент обвини Косовското претседателство

Претседателството на Република Косово излезе со соопштение до јавноста во кое ја изразува својата огорченост од „неприфатливите изјави…