65 украински воени заробеници загинаа откако се сруши воен авион на руската армија

Воениот авион Илјушин ИЛ-76 превезувал 65 заробени украински војници за размена, соопшти Министерството за одбрана.

Руски транспортен авион со неколку десетици украински воени заробеници се урна во регионот Белгород, кој граничи со Украина, потврди Москва. Претходно, медиумските извештаи сугерираа дека сите патници и членови на екипажот во авионот загинале.

Во соопштението во средата, руското Министерство за одбрана соопшти дека товарен авион ИЛ-76 со 65 заробени украински војници, како и шест членови на екипажот и три лица кои ги придружувале заробениците, паднал за време на однапред планиран лет околу 11 часот по локално време. Се додава дека затворениците биле транспортирани во регионот Белгород за размена.

Официјални претставници на одбраната, исто така, истакнаа дека Москва испратила комисија за утврдување на причините за инцидентот.

Во меѓувреме, украинскиот весник „Украинскаја правда“ објави, цитирајќи извори во војската на Киев, дека авионот бил уништен од украинските сили. Сепак, медиумот објави дека авионот носел ракети за противвоздушна одбрана С-300 наместо затвореници.

Неколку минути подоцна весникот го отстрани споменувањето на улогата на Киев во соборувањето на авионот, наведувајќи само дека нејзините воени извори ја потврдиле несреќата.

Рускиот пратеник Андреј Картаполов изјави дека има два авиони со украински заробеници и дека Москва мора итно да го пренасочи вториот ИЛ-76, со 80 заробени војници, надвор од опасната зона.

Пратениикот изјави дека Киев знаел за претстојната размена и дека бил информиран за рутата на летот, додавајќи дека и покрај предупредувањето, авионот бил соборен од три противвоздушни проектили истрелани или од американско производство „Patriot“ или од германско производство „IRIS-T“ системи. Картаполов тврди дека поради оваа трагедија, каква било размена на затвореници „засега не доаѓа предвид“, сугерирајќи дека Киев го извршил нападот со цел да ја спречи размената.

Total
0
Shares
Поврзани објави