Новинарката Ивона Талевска доби пресуда условна казна две години затвор со услов од 4 да не стори ново кривично дело. Таа денеска во судот призна вина за случајот „Тифани“, што Специјалното јавно обвинителство го покрена против неа. Ова е прва пресуда и прво признавање на вина за предмет на СЈО.
Според обвинението, Ивона Талевска како сопственик и управител на „Смарт центар“ ДООЕЛ експорт-импорт – Скопје и агенцијата „Смарт“ во периодот од 2008 до 2014 со намера таа и правните лица да избегнат плаќање даноци давала лажни податоци за фактите што се однесуваат за пресметување данок. Таа за наводните потреби на фирмите купила долна облека од 500 евра, облека во износ од 33.508 евра, очила, шминки за 1009 евра, луксузен мебел, сигурносни врати, велосипеди и слично. Фирмите на Талевска не платиле даночни обврски во износ од 37.634 евра, а обвинетата не платила данок во износ од 16.924 евра.
Поврзани објави
Кривичен бара судијката избрана за Апелација да го досуди Ласкарци зашто може да почне од почеток
По изборот на осуммина судии во Апелациониот суд, четворица за кривична и четворица за граѓанска материја, Кривичниот суд…
Обвинителот Рустеми од СЈО дава изјава во ЈО
Обвинителот Бурим Рустеми од Специјалното јавно обвинителство пристигна во Обвинителството за организиран криминал, каде треба да даде исказ…
Судиите од Кривичен нема да судат со месеци, граѓаните ќе го платат цехот
Одлуката на претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев да направи нов распоред на судии во овој суд ќе…
ФОТО : Судски предмети се шетаат со количка
На фотографијата која е позајмена од адвкат кој ја направил утринава пред скопскиот Основен суд 2 во Скопје…