СЈО бара полициски спровод на Орце Камчев во случај во кој е сведок

Денешното рочиште за случајот „Тортура“ се одложи бидејќи во судница не се појави обвинетиот Метуш Шабани. Неговиот адвокат појасни дека Шабани има здравствени проблеми, односно болка во коленото и отежнато движење, за што достави медицинска документација.

Во судница не се појавија ниту сведоците Орце Камчев, новинарката Оливера Трајковска и поранешниот портпарол Иво Котески.

Судијата Александра Ристеска појасни дека Камчев уредно ја примил судската покана, а Трајковска и Котески не ги примиле поканите.

Обвинителот Љубомир Лапе побара за наредното рочиште сведокот Камчев присилно да биде донесен во судот, односно со полиција. Судијката Ристоска рече дека ќе ја извести полициската станица за спровод, но остави и можност Камчев да го оправда отсуството.

Во случајот „Тортура“ еден од обвинетите е и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, и тоа за апсењето на Љубе Бошкоски во 2011 година.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Нинџа со нови детали: Директорот на УБК му рекол “комуњарите сакаат да бираат претседател и во секој момент треба да биде прогласена воена состојба”

„За заедничка Македонија“, беше формирана од ВМРО-ДПМНЕ и имаше фиктивни водачи. На протестите на „За заедничка Македонија“ 80…