Симона Халеп е победничка во женска конкуренција на 133-тото издание на Вимблдон или неофицијалното Светско тениско првенство Во финалето кај дамите, Халеп експресно за само 58.минути ја победи седум кратната освојувачка на Вимблдон, Американката, Серена Вилијамс. Халеп одлично го отвори мечот и уште на почетокот направи два брејка, па првиот сет го доби убедливо со 6-2. Речиси идентично се одвиваа работите и во вториот сет, но вонего Романката направи брејкови во петтиот и седмиот гем, па ни него го реши во своја полза со 6-2. За, Халеп ова е прво финале и прв трофеј на неофицијалното Светско тениско првенство Вимблдон, а само втор од Гренд-слем турнирите откако лани триумфираше на „Френч Опен“. Серена втора година по ред го губи финалниот меч во Вимблдон.
Поврзани објави
Фото: Улични кучиња трчаат низ болницата во Кичево, каде лежат и болни од коронавирус
Улични кучиња со часови трчале низ ходниците од Општата болница во Кичево, на приземјето каде што е приемниот…
Арсовска разрешена од претседателската функција во ЗЕЛС, на нејзино место назначен е Орце Ѓорѓиевски
Скопската градоначалничка Данела Арсовска е разрешена од претседателската функција во Заедница на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Одлуката…
Полицијата лови моторџии учесници на диви трки
Во периодот од 20.00 часот на 25.08.2018 до 01.00 часот на 26.08.2018 година од страна на Одделението за…
Остануваат 10 дена до новата цена на струјата, се чека одлуката на Регулаторна
Само 10 дена не делат од одлуката за новата цена на струјата која ќе важи по Нова Година.…