ОЈО за гонење организиран криминал и од државното обвинителство ќе проверат како излезе јавно доверлив документ од истрагата за Рекет , односно главниот документ по кој е отворена постапка. Се работи за исказот на Орце Камчев кој дава детали за наводен рекет кој му бил вршен од Бојан Јовановски , но споменува и имиња на актуелни судии, позанат адвокат роднина на судија политичири. Кога италијанска „Ла Верита“ ги објави видео и аудио снимките кои се дел од истрагата за „Рекет“, од обвинителството негираа дека материјалите протекле од кај нив.
Факсимил од Записник за примање кривична пријава, од 2 мај 2019 г., од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, се појави на порталот „Инфомакс“. Најверојатно, станува збор за моментот кога Јордан Камчев формално пријавува рекетирање и поднесува кривична пријава. Објавен е факсимил само од една страница од документот, а во текстот на порталот се пренесуваат и делови од документот што не можат да се прочитаат на таа страница.

Записникот на кој стои името на обвинителката во „Рекет“, Вилма Русковска, започнува со цитат од Јордан Камчев:
„Јас од месец септември 2018 година до некаде 10 април 2019 сум постојано уценуван од група на луѓе кои од мене изнудија голема сума на парични средства.“
Од објавениот факсимил може да се прочита дека Камчев пред Русковска тврдел дека историјатот на контактите со Бојан Јовановски и Зоран Милевски (осомничени во „Рекет“) започнува од септември 2018 г. кога Боки 13 првично му нуди „фиктивен проект за продажба на права за некаков тип на Fashion Mall“. На вториот состанок, според Камчев, Боки 13 донел „тип на договор кој беше потпишан од директорот на таа компанија за франшиза, а тоа е синот на обвинителката Катица Јанева“. Камчев вели дека му биле побарани 4 милиони евра за „ноу-хау“ и дека тој сфатил оти станува збор за фиктивен проект, па го одбил.
Следувал и втор обид од Јовановски, овој пат да му продаде „ексклузивна лиценца за старечки домови, од некоја европска асоцијација“, за која Камчев би добил ексклузивитет за територијата на Скопје.
„Јас сфатив дека се работи за земање рекет од страна на Бојан, затоа што тој претходно веќе измамил двајца луѓе со истиот договор за лиценца за старечки домови“, се цитира Камчев во објавениот Записник и притоа наведува дека мисли на Силјан Мицевски од Битола и роднина на Фијат Цаноски од Струга.
Во текстот на Инфомакс се споменува судијата Весна Димишкова и нејзниот брат Васе како дел од мрежата која наодно изнудувала пари. Исто така се наведени имињата на Фросина Ременски Шеќеринска со сопругот, Заев и други службени лица од МВР. Повеќе околу исказот и останатите делово од документот од порталот најавуваат дкеа ќе објават деновиве.