Скопјанец со пиштол пукал во кучиња

Денеска, во раните утрински часови во полициската станица Аеродром било пријавено пукање кон кучиња во парк на булеварот „Видое Смилевски Бато“.

Како што информираат од МВР, во врска со настанот е уапсен 69-годишен скопјанец, за кој откако излеге на терен, полицајците констатирале дека пукал кон кучиња со пиштол „црвена застава“.

По документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Total
0
Shares
Поврзани објави
Повеќе

Силен земјотрес во Мостар

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди подрачјето на Мостар. Според податоците на…