Планинарот кој падна од карпа на Пелистер е битолчанец

Дваесет и шест годишниот К.М. од Битола е планинарот кој е повреден вчера додека се искачувал на Пелистер.

Според официјалните податоци од МВР, К.М. се искачувал по патека кон врвот ,,Илинден“ заедно со П.А.(23), М.И.(31) од Битола, Т.Х.(23) од с.Новаци, Л.К.(37) од Кавадарци и М.Р.(28) од Неготино.

При искачувањето, К.М. се лизнал и паднал од карпа. Тој со хеликоптер на МВР бил пренесен во Комплекс клиники ,,Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

Total
0
Shares
Related Posts
Повеќе

Загинатиот со семејството во авионската несреќа, Георги Бошнаков, имал компанија за рециклирање на отпад, акцијата за подигање на остатоците продолжува денеска

Георги Бошнаков, кој со сопругата и двете ќерки загина вчера откако „цесната“ со која летале од Охрид за…