Со посетата на вчерашната претстава „Нешто пропуштаме“ во Театар Комедија, започна реализирањето на активностите од меморандумот за соработка меѓу Министерството за култура на Република Македонија и КПУ Затвор „Скопје“, со кој културата и уметноста во функција на едукацијата и ресоцијализацијата се приближуваат до една деликатна и маргинализирана категорија на граѓани…
Соработката предвидува посети на културно – уметнички настани за примерните осуденици, збогатување на библиотеките, работилници и настани во самата установа со осудениците и со гости – уметници.
Освен остварување на заложбите на културните политики на Владата на РМ и Министерството за култура за еднаков пристап до културата за сите граѓани, со оваа акција се адресираат и препораките на Комитетот за спречување на тортура (ЦПТ) на Советот на Европа, кои години наназад упатуваат на отсуство на какви било активности за едукација и ресоцијализација на осудениците во македонските затвори. Вакви активности веќе започнуваат да се планираат и одвиваат и во други градови во земјата.
#соопштение Министество за кулутура
Поврзани објави
“Идризово” гори , затворениците пеат : “Се запали пиле Трено приемното”
Во пожарот кој избувна претпладнево во затворот Идризово нема повредни ниту затвореници ниту вработени. Пожарот избувнал од кровот…
На враќање од болница затвореник од Идризово избегал од затворкото комбе додека чуварите си купувале сендвичи
Затвореникот Фидан Исени од затворот во Идризово избега од затворската придружба. Со затворски возило бил на лекарски преглед…
Боки 13 пренесен на Клиника
Бојан Јовановски првоосомничен во случајот „Рекет“ денеска е пренесен на скопските клиники поради испитувања за закажана операција од…
ЕКСКЛУЗИВНО: Попладнево почина затвореник во Идризово, примен пред три дена
Пред три часа во затворот во Идризово се случи нов инцидент , почина затвореникот Џенгис Џемаил. Според информациите…